Полнетите пиперки се предјадење кое никој не го одбива, бидејќи се состои од сечии омилени јадења.
Предјадењата ја разубавуваат секоја трпеза, а доколку ви треба идеја за Нова година, ви предлагаме полнети пиперки. Направете смеса од јајца, сирење и мајонез, па наполнете ги пиперките и исечете ги на четвртинки. Освежително и лесно мезе ќе ја украси секоја празнична маса, особено ако користите црвена, жолта и зелена пиперка.
Состојки:
- 3 пиперки
- 5 јајца
- 200 гр тврдо сирење
- 1 грст копар
- 5-6 лажици мајонез
- 2-3 чешниња лук
- малку сол по вкус
Подготовка:
Измијте ги пиперките, исечете ги на половина и извадете ги семките и стеблото. Сварете ги јајцата, па изрендајте ги, како и сирењето исто изрендајте го. Сето тоа се меша, па се додава сечканиот копар, сечканиот лук и солта.
Истурете мајонез во смесата и добро измешајте ја. Наполнете ги половините од пиперката и пресечете ја секоја на половина. Послужете.
Пријатно!