ПОЛНЕТИ МИНИ ЖУ-ЖУ: Заборавете на пекарата, направете уште поубаво крцкаво печиво дома!

Вреди да се проба:

Реклама

Едноставен рецепт за колачи сакани од сите генерации – полнети мини жу-жу.

Веќе не мора да одите во пекара кога ви се јаде, дома правете ги највкусните печива, полнети со крем сирење и шунка. Прекрасното крцкаво печиво можете да го послужите за вечера, но и како мезе за прославата. За да добиете такви прекрасни мини парчиња, ќе ви помогне решетката за рерна, а најдобро од се е што се печат само 20 минути.

Реклама

Состојки:

  • 800 гр лиснато тесто
  • 300 гр крем сирење
  • 200 гр шунка
  • 200 гр кисели краставички
  • 1 јајце

Подготовка:

Лиснатото тесто поделете го на 2 дела и развлечете го тенко. Измешајте крем сирење со рендани кисели краставички и шунка. Добро соединете. Тестото ставете го на хартија за печење, па покријте го со добиениот фил.

Одозгора ставете го другото лиснато тесто и отсечете го вишокот на краевите. Извадете ја решетката од рерната и притиснете прво хоризонтално, а потоа вертикално за да направите коцки врз тестото.

Реклама

Исечете ги, па ставете ги на плех со хартија за печење. Премачкајте со изматено јајце и печете во загреана рерна на 180°C околу 20 минути.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -