ПИЦА ОД СТАР ЛЕБ: Никогаш не било побрзо и полесно да се добие оброк што го сака целото семејство!

Вреди да се проба:

Реклама

Доколку не знаете да го користите стариот леб, наш предлог е да направите брза пица

Нема кој не сака пица, а ако често ви останува леб, не го фрлајте, користете го наместо подлогата. Лесно и брзо ќе добиете појадок или вечера, а нема да трошите храна. Со ова јадење особено ќе се воодушеват домашните.

Реклама

Состојки:

  • 12 парчиња бајат леб
  • 200 гр сирење
  • 100 гр шунка
  • 100 гр сланина
  • 100 гр печурки
  • 4 лажици кечап
  • 2 јајца
  • 1 чаша кисела павлака
  • маслинки
  • оригано

Подготовка:

Лебот наредете го во поголем плех кој претходно сте го намачкале со малку масло или маргарин. Изматете цели јајца со павлака и со него премачкајте го лебот, а одозгора ставете кечап.

Одозгора наредете ја шунката, сланината и печурките, па над се изрендајте го сирењето. По желба додадете маслинки и оригано. Печете на 200 C околу 20 минути.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -