Реклама
Вкусни пилешки ролни. Јадете и барате уште. Што повеќе човек може да посака од еден оброк!?




Состојки:
- 600 гр пилешко бело месо
- 150 гр кашкавал
- 150 гр сланина
- сол по вкус
- бибер по вкус
Прелив:
Реклама
- 1 јајце
- 200 гр павлака за готвење
- зачин по вкус
- магдонос по вкус




Подготовка:
Исечете го белото месо на шницли и малку исчукајте го, додадете сол и бибер по вкус. Исечете го кашкавалот на стапчиња. Исечете ја сланината на тенки парчиња.




На секое парче пилешко ставете по едно парче од кашкавалот, а потоа целото завиткајте го во парче сланина. Така завиткани, наредете ги во подмачкан плех.
Реклама




Преливот направете го така што ќе ги изматите сите состојки заедно и со него ќе ги прелиете пилешките ролнички во садот.
Печете околу 30 минути на 200 степени. На крајот, извадете го, изрендајте малку кашкавал одозгора и повторно ставете го во рерна уште 5 минути.




Добар апетит!