ПИЛЕШКА САЛАТА СО ЈАЈЦА И ДОМАТИ ЗА СЕКОЈ ЏЕБ: Ќе биде ѕвезда на секоја забава, а одлична е и за брз ручек!

Вреди да се проба:

Реклама

Брзата пилешка салата со варени јајца и домати е одличен предлог за ручек.

Салатите се задолжителен оброк во лето, бидејќи брзо се подготвуваат и имаат фантастичен вкус. Постојат милион рецепти, а најпопуларна е салатата Цезар. Ви предлагаме да ја пробате и оваа пилешка салата со варени јајца, домати и сирење. Не само што ќе ве исполни, туку ќе ги воодушеви сите со својот изглед. Може да се користи и како украсно мезе на прослави и празници.

Реклама

Состојки:

  • 300 гр пилешко филе
  • 2 домати
  • 2 јајца
  • 100 гр тврдо сирење
  • 100 гр мајонез
  • 2 млади кромидчиња

Подготовка:

Пилешкото и јајцата сварете ги, а потоа ситно исечкајте ги. Исечкајте ги и младиот кромид и доматите, но прво одвојте ја средината од доматите. Изрендајте го сирењето и истурете го мајонезот во кеса за замрзнување со отсечен горниот дел.

Покријте го садот за салата од внатре со проѕирна фолија, па ставете го сирењето. Од кесичката исцедете од мајонезот, а одозгора наредете ги доматите и младиот кромид. Повторно исцедете од мајонезот, па ред бело месо, па повторно мајонезот, па јајцата. Повторете ги сите слоеви од почеток.

Реклама

Изладете ја салатата во фрижидер а пред послужување  свртете го садот со салата врз поголема чинија, украсете одозгора по желба и послужете.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -