Пикантен намаз со суви пиперки и јајца – Одличен прилог со кифлички!

Вреди да се проба:

Реклама

Направете вкусен намас од црвени суви пиперки.

Состојки:

  • 1/2 страк праз
  • 3 суви пиперки
  • 2 тврдо варени јајца
  • 100 гр бело сирење
  • 1 голема лажица мајонез (или кисела павлака)
  • по вкус сол и бибер

Подготовка:

Најпрво сувите пиперки ставете ги во сад со вода да се варат. Празот исечкан на помали парченцка ставете го во блендер или сецко (ако немате може и со обичен миксер).

Реклама

Додадете ги сувите пиперки на кои претходно сте им ја отстраниле лушпата, тврдо варените јајца и сирењето. Додајте и 1 голема лажица мајонез (ако не сте љубител на мајонезот може како замена и павлака) и зачини по вкус, зависно од тоа колку е солено избраното сирење.

Добиената смеса изблендирајте ја убавo и намазот е готов. Ќе добиете еден убав пикантен намаз одличен прилог за со кифлички, пржени тиквички или како мезе за со некој жесток пијалок.

Реклама

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -