Печени дуњи – најпознатиот ароматичен и вкусен десерт

Вреди да се проба:

Реклама

Овој десерт е еден од најистакнатите десерти во зимската сезона, има сосема поинаков и ароматичен вкус, кој многу се конзумира затоа што е здрав.

Дуњата се претвора во десерт со лесен вкус, задржувајќи го вкуот на природно овошје.

Реклама

Потребни состојки:

  • 5 дуњи
  • 4 чаши шеќер во прав (чаша од 150мл.)
  • 5-6 урми
  • половина голема чаша сецкани ореви и бадеми (чаша од 200мл.)
  • половина чаша рибизла (може замрзната)
  • 2 лажици шеќер во прав
  • цимет

Подготовка:

Дуњите се мијат и се сечат на половинки. Се отстрануваат семките се ставаат во сад за печење и се додава вода колку да го облие дното.

За филот, се мешаат 4 чаши шеќер во прав заедно со сецканите бадеми и ореви и се оставаат да отстојат. За тоа време урмите се чистат од семето и се сечат на половинки.

Реклама

Потоа се мешаат урмите, оревите, бадемите, рибизлите и шеќерот во прав. Се додава цимет и сите состојки повторно заедно се мешаат. Вака добиениот фил е подготвен за полнење на дуњите.

Врз половинките дуњи, во средина се додава смесата за филот. Потоа се ставаат да се печат на 180 степени околу 45 минути, се додека дуњите не поруменат.

Зготвените дуњи се ставаат на чинија за сервирање и се поросуваат со 2 лажички шеќер во прав. Одозгора може да се посипат и малку мелени бадеми и ореви.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -