Печена пченка на мексикански начин: Неодолива закуска!

Вреди да се проба:

Реклама

Печената пченка во некои култури е одлична замена за леб. Вака приготвената пченка е вкусна сама по себе и без други додатоци.

Состојки:

Реклама
  • 4 парчиња слатка пченка
  • 2 лажици маслиново масло
  • 50 гр мајонез
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка чили
  • 1 лажичка морска сол
  • Малку  бибер
  • сок од еден лимон.

Подготовка:

Подгответе ја скарата или површината на која ќе ги печете пченките. Исчистете ја пченката од лисја, прелијте со маслиново масло и печете 6-7 минути, вртејќи ги повремено.

Излупете го и изгмечете го лукот, измешајте го со мајонез, чили, сол и бибер. Во оваа мешавина натопете ја печената пченка, сервирајте ја во чинија и прелијте ја со сок од лимон.

Реклама

Пријатно јадење!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -