Палачинки од ЈАБОЛКО: Здрав доручек кој е подобар и од пита со јаболка!

Вреди да се проба:

Реклама

Брзо уживање со едно јаболко и едно јајце.

Состојки:

  • 1 излупено и рендано јаболко
  • 1 јајце
  • 30 грама шеќер (по желба)
  • 150 мл обичен јогурт
  • кора од 1 лимон
  • 140 грама брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво

Подготовка:

Измешајте едно јајце со шеќер, додадете јаболко, јогурт, кора од лимон, брашно и прашок за пециво. Убаво изматете ја смесата и спремна е за печење.

Реклама

Се пржи во тава со малку масло, како палачинки, а може и во машина за вафли. Посипете со мешавина од цимет и шеќер во прав. Јадете додека е уште топло!

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -