Реклама
Ви откриваме рецепт за колач со вкус на овошје кој ќе го придружува вашето утринско или попладневно кафе.




Состојки:
- 100 гр. маргарин
- 85 гр. шеќер
- 1 јајце
- 140 гр. брашно
- 1 прашок за пециво
- 4 лажици јогурт
- 200 гр. џем од јаболка
- 140 гр. боровинка
- 50 гр. кафеав шеќер
- Сок и кора од еден лимон
Подготовка:




Најпрво загрејте ја рерната на 180 степени и намачкајте ја тавата за колачи. Во блендерот додајте ги путерот, шеќерот, кората од лимон, јајцето, брашното, прашокот за пециво и јогуртот и мешајте додека смесата не стане пенеста.
Реклама




Постепено додавајте ги џемот и боровинките и нежно измешајте со лажица. Истурете ја смесата во калап и печете во загреана рерна 25-30 минути.




Измешајте ги сокот од лимон и шеќерот додека не се растопат, а потоа прелијте го колачот штом ќе се испече додека е топол.
Реклама




Пријатно!