Лесен рецепт за чоколаден прелив кој се прави за неколку минути и е со неверојатен вкус кога се сервира со кој било десерт.




Состојки:
- 100 гр хопла (слатка павлака)
- 3 лажици шеќер
- 100 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Додадете ги хоплата и шеќерот во сад со средна големина и оставете ги да зовријат на средно-тивок оган.




Додадете го чоколадото, намалете го огнот на пониска температура и веднаш изматете додека чоколадото не се измеша и се да биде изедначено. Не грижете се ако со додавање на чоколадо сосот стане потечен, тој ќе се згусне откако чоколадото убаво ќе се соедини во топлата крема. Послужете.
Совет:




Можете да го чувате во фрижидер до 7 дена, но не и во замрзнувач. За повторно загревање ставете ја количината која ви е потребна во тенџере и загревајте на тивок оган додека не се разреди. Можете да го загреете и во микробранова печка.