Реклама
Вака приготвениот бурек или пита, како сакате наречете, многу е вкусен и што е најважно многу брзо и лесно се приготвува. Ништо посебно а многу едноставно!




Можете да го послужите топол, но исто е многу вкусен и кога ќе излади.
Реклама




Состојки:
- 300 г мелено месо
- 2-3 главици кромид
- 4 јајца
- 1 шолја млеко
- 1 јогурт (чаша од 200 мл)
- 12 лажици брашно
- 1 прашок за печиво
- сол (2 лажички)
- црн пипер (1 рамна лажичка)
- масло за тепсијата




Начин на подготовка:
Кромидот ситно го сечкаме, па се меша со меленото месо, се додаваат јајца, јогурт, млеко и зачини. Додавајте брашно помешано со прашок за печиво и сето добро соединете го.




Смесата истурете ја во добро намастена тепсија, наубаво е во тркалезна, а вие како сакате, па ставете да се пече на 200 степени околу 45 минути.
Реклама




Може да се послужи топло или ладно. Исечете на парчиња па послужете со кисело млеко или јогурт.