Ова е веројатно еден од најбрзите рецепти за приготвување на одличен домашен и превкусен рецепт за мајонез и тоа само од млеко и масло.




Потребни состојки:
- 50 мл млеко (колку помасно млеко толку мајонезот ќе биде погуст)
- 100 мл масло за јадење
- 1 лажица сенф
- сок од ½ лимон
- малку сол, шеќер, магдонос, црн пипер, лук
Подготовка:
Млекото и маслото се ставаат во висока широка чаша и со рачен блендер, на најголема брзина, се мати околу една минута.




Веднаш се забележува како смесата станува погуста. Потоа се додава сенф, сол, шеќер, сок од ½ лимон, толчен лук и се продолжува со блендирање.
Мајонезот е готов. По желба се додава мелен црн пипер, сечкан магдонос или некое друго зеленко.




Важно е да се знае:
Односот на млекото и маслото треба да биде 1:2 ( на пример: 50 мл млеко и 100 мл масло, или 100 мл млеко 200 мл масло).
Млекото и маслото треба да бидат на собна температура. Според тоа пожелно е смесата од масло и млеко да се остават барем половина саат на собна температура.




Во направениот мајонез може да се стави малку куркума, мајонезот ќе добие убава жолта боја.
Во направениот мајонез може да додадете било каково зеленко, магдонос, копар, oригано, рокола, а може и џумбир во прав. Со овие додатоци само го подобрувате вкусот на мајонезот.
Ако мирисот на лук не ви се допаѓа, слободно може да се изостави.




Што се однесува до маслото, може да се користи секакво масло, маслиново, пченкарно, сончогледово или дури и нивна смеса, но при тоа треба да се запази соодносот со млекото.
Доколку сте на пост, можете истиот мајонез да го припремите со млеко од соја!