Реклама
Еден убав начин како да го зачувате сирењето да трае подолго и ќе биде одлично мезе за сите мераклии. Ќе бидете воодушевени од вкусот.
Состојки:
- 300 гр бело сирење – кравјо или козјо
- екстра девствено маслиново масло
- цели пиперки
- свежа мајчина душица и други омилени билки
- исушени чили пиперки (по избор)
- исушени домати
Подготовка:
Исечете со сирењето на коцки па ставете го во тегла. Додадете доволно маслиново масло за да го покриете. Во теглата додадете и исушени чили пиперки или исушени домати по ваш вкус, или пак можете да го оставите само сирењето со зачините.
Реклама
Додадете ги зачините и затворете ја теглата со капак. Чувајте го во фрижидер и оставете го барем еден ден, така што сирењето ги апсорбира вкусовите на состојките.
Пријатно!
Реклама