Направете го најдобриот природен лек за белите дробови и респираторниот тракт со само 2 состојки (РЕЦЕПТ)

Вреди да се проба:

Реклама

Во оваа статија ви пренесуваме рецепт за чистење на белите дробови и дишните патишта. Оваа статија е објавена во списанието “Ljekovito bilje”.

Коренот на ова растение најчесто се користи за правење природни лекови за респираторниот тракт, односно за чистење на белите дробови и лекување кашлица. Се препорачува за третман на астма и бронхитис. Во случај на сува кашлица, таа го разбива слузот и го промовира неговото исфрлање. На овој начин ги чисти белите дробови и го олеснува дишењето.

Реклама

Волско око(лат. Inula helenium) е лековито растение кое со векови се користи во природната, односно за холистичка медицина.

Оман е лесно достапно растение кое расте на ливади, а често и покрај патишта. Може да порасне и до два метри, а цветовите се жолти и малку личат на сончоглед.

Реклама

Лековит дел од растението е коренот кој има пријатен мирис, но горчлив вкус. Коренот од волско око најчесто се користи за правење природни лекови за респираторниот тракт, односно за чистење на белите дробови и лекување кашлица

Ова растение содржи есенцијални масла (камфор, хеленин), инулин, алантоична киселина, сесквитерпен лактони, сапоним, стероли и пектин.

Етеричните масла од Волско Око се користат за лекување на кашлица кај туберкулоза, а искуството покажува дека неговиот корен го промовира лекувањето на настинки, грип, пневмонија, бронхитис, астма и плеврит.

- Advertisement -

Исто така може да се користи како тинктура, чај, како есенцијално масло и како комбинација со други лековити природни намирници.

Еден од попознатите лекови од Волско Око наменет за здравјето на белите дробови и респираторниот тракт е комбинација од мед и ова растение.

Начин на подготовка:

Коренот на ова растение исечете го на парчиња и ставете го во тегла. Половина од теглата од 750 мл треба да ја наполните со корења, а потоа во другата половина да додадете мед.

Свртете ја теглата наопаку неколку дена, за да се соединат состојките.

Лекот можете да го употребите по неколку дена, а се препорачува да го чувате во фрижидер.

Додека медот ги ублажува иритациите во грлото и белите дробови, Волското Око има антибактериско дејство и успешно ја разбива слузта во белите дробови.

Кога имате проблем со кашлањето, а можете и да го спречите, земајте по една лажица од овој природен лек секој ден.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -