Сигурно барем еднаш во животот сте јаделе мусака со модри патлиџани.




И ако не сте, ви предложуваме да го пробате нашиот рецепт. Спој на вкусови и оброк за уживање.




Состојки :
- 4 модри патлиџани
- 3 домати
- 250 гр. мелено месо
- 1 главица кромид
- брашно по потреба
- масло по потреба
- 5 јајца
- 500 мл млеко
- зачин од сув зеленчук
- малку магдонос
- сол и бибер по желба
Подготовка:




Модрите патлиџани исечете ги на кришки а потоа посолете ги со сол и оставете да отстојат малку. Потоа извалкајте ги во јајца потоа брашно и пропржете ги во тава со загреано масло.




Во друга тава со загреано масло пропржете го сечканиот кромид. Се додаваат сечкани домати и се продожува со пржењето. Се додава мелено месо и се продолжува со пржењето уште 10 – тина минути. Се зачинува со: зачин од сув зеленчук, бибер и магдонос по желба.




Во земјена тава наредете модар патлиџан еден ред, потоа смеса од мелено месо па пак модар патлиџан и се така додека да ги потрошите состојките. Одозгора, последни се редат модрите патлиџани. Пред да ги ставите да се печат, измешајте ги јајцата и млекото па прелијте преку јадењето. Се пече во загреана рерна околу 25 минути на 250 степени.
Пријатно!