Дали сакате да ги украсите велигденските јајца оваа година на оригинален начин? Велигденски јајца со мозаик изгледаат толку интересно и интригирачки! Откријте како брзо и лесно да ги украсите велигденските јајца со оваа едноставна техника!
Состојки:
- Варени јајца по потреба
- бои за јајца
- лушпи од јајца
- садови за боење
- лепак
Подготовка:
Првин сварете ги јајцата кои сте ги спремиле за боење односно кои ќе ги украсувате, и одредете ја количината вие што ја сакате. Ако одлучите да ги оставите бели велигденските јајца, можете да ги обоите скршените лушпи во вашите омилени бои, светли или темни, за да го постигнете посакуваниот ефект. Но, ако планирате да ги обоите сите јајца, за да го постигнете мозаичниот ефект, користете повеќе заситена боја за скршените лушпи. На овој начин, тие ќе се истакнат подобро од основната боја.
Излупете го испуканото јајце, или пак можеби имате соберено лушпи од претходно варени јајца кои ги имате спремано за јадење. Потоа во различни садови ставете бои и топла вода и обојте ги лушпите така што во секоја боја ќе ставите по некоја лушпа. Оставете ги да се исушат и оставете ги настрана за неколку минути.
Земете едно варено јајце, бело или обоено, и покријте го со лепак на база на вода со помош на четка и започнете да лепете парчиња повеќебоени скршени лушпи на површината. Не обидувајте се да ги организирате совршено, најдобрите композиции се малку хаотични! Оваа работа бара малку трпеливост, но крајниот резултат е прекрасен! Супер е лесно! Обојте ги лушпите во различни бои, така што ќе добиете убава транзиција, а потоа покријте го јајцето со нив. Секако дека е потребно време, но резултатот вреди.