Доколку сакате јадења од тесто, ви предлагаме мини меки мекици кои се прават набрзина.
Топлите воздушни меки пецива не потсетуваат на детството, а најчесто сите ги јаделе за појадок, со чаша јогурт. Пробајте ја и мини верзијата, доброто кај ова пециво е што е навистина лесно за правење. Нема мешање на тестото и чекање да одмори, само измешајте ги состојките и ставете ги со лажица во врелото масло. Брзо, лесно и вкусно пециво никој не одбива, а може да се јаде и во слатка варијанта на пр. со џем.
Состојки:
- 200 гр јогурт
- 1/3 лажичка сол
- 3 јајца
- 2 лажици кисела павлака
- 1 лажичка прашок за пециво
- 150 гр брашно
Подготовка:
Јајцата се матат, па се додаваат солта, павлаката, јогуртот и се соединуваат со миксер. Потоа прелијте го просеаното брашно со прашокот за пециво и измешајте.
Истурете го тестото во кеса за замрзнување и исечете го едниот агол да направите дупче. Ставете многу масло за пржење во тавче и добро загрејте го. Стискајки ја ќесата по малку, истискувајте тесто во тавата и пржете или ако сакате можете да го ставите во сад и да вадите од тестото со лажичка.
Пријатно!