Реклама
Превкусно макало кое одлично одговара со добро потпечено лепче на тостер. Додека да го спремите лепчето, со малку умешност ќе ви биде готово и макалото. За неколку минути добивате совршено две во едно уживање, кое ако до сега не сте го пробале, ова е правиот момент за тоа.




Состојки:
- 230 гр црни маслинки
- 1 лажичка презла
- 4 лажички Маслиново масло
- 4 лажички путер
- 1/2 лимон
- Црн пипер, сол




Подготовка:
Од маслинките отстранете ги семките и исечкајте ги што е можно поситно (ако имате мало блендерче можете и да ги изблендирате).
Реклама
Додадете рендана кора од лимон, малку лимонов сок, презла , маслиново масло и путер.




Зачините со сол и црн бибер по вкус. Сосот ставете го во тегла и налијте малку маслиново масло.
Реклама
Макалото можете да го конзумирате веднаш или пак да го чувате во фрижидер неколку денови.




Пријатен апетит!
Извор: мигусто.мк