Прекрасна арома, прекрасен вкус. Овој ликер е супер замена за пожесток алкохол. Ќе уживате во неговата арома.




Состојки:
- 1 литар чист алкохол
- 7-8 големи лимони
- 1 л вода
- 1/2 кг шеќер
Подготовка:
Лимоните добро измијте ги со четка под млаз топла вода, по можност додадете неколку зелени лимони.




Излупете го лимонот, отстранете ја кората нарежете го на парчиња и ставете го шише со алкохолот. Така оваа смеса оставете ја на темно место 15 дена.




Потоа подгответе го сирупот: Ставете вода и шеќер да зовријат. Мешајте со загревање додека шеќерот не се раствори и сирупот не стане проѕирен. Не е неопходно да се вари. Оставете да се излади целосно.




Процедете го алкохолот и отстранете ги остатоците од лимонот. Измешајте ги алкохолот и сирупот и истурете ги во стаклени шишиња. Добро затворете и почекајте најмалку 15 дена пред дегустација. Чувајте ги на темно место.




Пријатно!