Ликерот од ореви, уште познат и како оревовка, во народната медицина веќе со години се користи како природен лек за штитната жлезда и дигестивни проблеми.




Рецептот за негово приготвување може да се најде во манастирските записи, бележниците на старите билкари, како и во хрониките на некогашните аристократски куќи, бидејќи со векови служел како универзален тоник за здрав стомак.
И денес за многумина претставува „прва помош” за желудочни проблеми и како природен лек против анемија и јакнење на крвта. Се приготвува овој период од млади, сè уште зелени оревчиња. Недозреаните плодови од орев со мека средина, се природно богатство на витамин Ц и јод.




Освен витамин Ц и јод, оревите содржат повеќе од 50% на масла, незаситени масни киселини, белковини, аминокиселини, минерали, јагленихидрати и во мали количества од витамините Е и Б6.
Оревовката е само еден од напитоците кои можат да се направат од оваа лековита билка.
Освен плодовите, за приготвување на разни чаеви и сирупи, се користат и листовите, а доколку сакате да го приготвите највкусниот колач, пригответе го токму од мелени ореви.




Ликерот е најдобро да се пие кога е разладен на температура од 0 до 5 степени. Може да се консумира пред и после оброк, а одличен вкус дава и кога се меша со безалкохолни напитоци.
Оревовката (кај народот често се користи и називот „Оревовача”) е подеднакво делотворна и за ублажување на дигестивни тегоби како дијареа, опстипација, ждригавица, подуен стомак, па се до гр-чеви и желудочни инфекции.




РЕЦЕПТ:
Ова е најпознатиот, изворен народен рецепт кој можете да го надополните со состојки по ваша желба (ванила, портокал…).




Потребни состојки:
- 40 млади зелени оревчиња,
- 800 г интегрален шеќер,
- 4 каранфилчиња,
- 1 лимон исечкан на тркалца,
- 1 литар домашна ракија




Постапка:
оревчињата измијте ги, засечете ги (носете ракавици), а ако се поголемки, пресечете ги на половина. Лимонот измијте го, па и него исечете го на парчиња. Додајте шеќер (или мед), каранфилчињата и домашната ракија.
Добро промешајте за да се раствори шеќерот и затворете ја стаклената тегла. Оставете ја 40 дена на сонце со секојдневно протресување. Не треба да ја отворате.




После 40 дена ликерот процедете го низ газа и прелијте го во шише. Се чува на темно и ладно место.
Се пие по една ракиена чашка на ден, најдобро наутро, на гладно (да ја одбегнуваат само луѓе со претерана работа на штитната жлезда – хипертироидеа).
За проблеми со желудникот може да се пие по една ракиена чашка наутро и една навечер.




На здравје!