Ќе уживате во вкусот на оваа слатка фантазија.




Состојки:
За кора:
- 4 големи јајца
- 5 рамни лажици шеќер
- 5 полни лажици брашно
- 100 мл масло
- 100 мл вода
- 1 лажица какао
- 1 лажица арома рум
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 кесичка ванилин шеќер
Фил:
- 1 л млеко
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 1 кесичка пудинг од ванила или слатка павлака
- 200 гр кокосово брашно
- 150 гр путер или маргарин
Глазура:
- 200 гр чоколадо
- 4 лажици масло
Подготовка:




За кората изматете ги белките во цврст снег, постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер и убаво изматете. Додадете ги жолчките и сите останати состојки и се убаво измешајте.




Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете на 200 степени околу 25 минути.




За филот се мешаат брашното, шеќерот и пудингот со 200 мл млеко. Потоа се додава останатото зовриено млеко и се остава да се излади. Додадете го путерот кој бил на собна температура и сето изматете го со миксер. На крај измешајте 150 гр кокосово брашно.




Прелијте ја кората со филот и на крај прелијте со чоколадна глазура која ја направивте со растопено чоколадо на пареа и масло и посипете со кокосово брашно.
Пријатно!