Реклама
Ако веќе одлучивте да јадете слатки, направете го тоа како најздрава можна опција.




Состојки:
- 60 грама бадеми
- 30 грама какао
- 100 грама слатка павлака
- 130 грама путер од кикирики
- 130 грама крем сирење
- 40 грама засладувач (може и мед)
Подготовка:




Бадемите сомелете ги во блендер и посипете ги на дното од калапот. Какаото, слатката павлака измешајте ги со путерот од кикирики и крем сирењето, како и медот со миксер со стапчиња.
Реклама




Потоа смесата префрлете ја во калапот. Оставете во фрижидер додека не се стегне. Кога ќе се стегне, извадете го и исечете го на повеќе парчиња во големина по желба. И имате совршено здрав и вкусен десерт.
Пријатно!