Реклама
Совршената торта од бисквити и банана која може да ја подготовите за само 20 минути.




Состојки:
- 1 кг. бисквити
- 1л. јогурт со 2,8% масти
- 100 гр. шеќер во прав
- 4 банани
- готова шлаг пена




Начин на подготовка:
Во длабок сад искршете ги бисквитите на трошки, додадете шеќер во прав и прелијте го целиот јогурт врз нив.
Реклама




Добро измешајте ја смесата и оставете да отстои така околу половина час, за бисквитите убаво да го впијат јогуртот.




Потоа од добиената смеса обликувајте форма по ваша желба. Врз направената кора од бисквити наредете банани исечени на прстени и одозгора премачкајте со шлаг.(може да користите и некое друго овошје по ваш избор).
Реклама




Добар апетит!