КЕКС РОЛАТ: Покремаст не сте пробале, непечен и готов е за јадење!

Вреди да се проба:

Реклама

Задоволство кое секој ќе го сака!

Состојки:

  • 350 гр бисквити по желба
  • 80 гр путер
  • 1 шолја млеко
  • 3 лажици инстант кафе

За полнење:

Реклама
  • 2 лажици крем или некој друг намаз
  • 300 гр сирење (свежо сирење, маскарпоне или тофу)
  • 4 лажици шеќер по желба,
  • 1 шолја кокосово брашно

За декорација (опционално):

  • чоколаден прелив
  • украси по желба – ореви, трошки, овошје

Подготовка:

в
Изблендирајте 350 гр бисквити, додека не добиете брашнеста структура. Во сад ставете 80 гр путер и 1 шолја млеко, додадете 3 лажици кафе, па промешајте и варете на тивок оган додека путерот не се растопи.

Реклама

Кога путерот ќе се растопи, додадете ги бисквитите и промешајте, па измесете со раце. Префрлете ја смесата на хартија за печење, расукајте ја и обликувајте правоаголник. Отсечете го вишокот од страна, притиснете на средина и повторно расукајте. Премачкајте со две лажици крем или премачкајте по желба.

Во сад ставете 300 гр сирење, 4 лажици шеќер, 1 шолја кокосово брашно и измешајте. Добиената смеса премачкајте ја врз кората и формирајте ролат и оставете ја да отстои на собна температура околу еден час.

Потоа ролатот префрлете го во фрижидер еден час. Кога ќе се излади, прелијте го со чоколаден прелив и декорирајте по желба.

- Advertisement -

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -