Кај и да си за Бадник дома да си! – Еве што треба да има на Бадниковата посна трпеза

Вреди да се проба:

Реклама

Македонскиот народ со голема и почит и традиција со векови наназад го празнува Божиќ, кој започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик.

По традиционалните обичаи за Бадник целото семејството се собира на традиционалната вечера. За Бадник секогаш важи правилото – Кај и да си за Бадник дома да си…

Реклама

Уште рано сабајле ќе почнат да пеат коледарите на вашите врати, и ќе донесат радост и смеа, а навечер сите треба да седнеме на посната трпеза и да бидеме со семејството.

Сепак оваа вечера треба да биде посна, па така задолжително треба да ги имате овие работи и намирници.

Реклама

Бадник или Коледе, според христијанската традиција, се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос-Божик. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари, а Божиќ на 7 јануари секоја година.

Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.Традиционално, Бадник се прославува кај сите православни христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември (Католиците, протестантите и други).

Поради верувањата дека Бадник е обичај на Денот на сонцето, кој подоцна го превземала Христијанската црква има објаснување. Имено, Свети Августин рекол: „Ние го празнуваме овој ден, не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“.

- Advertisement -

Колку е побогата посната Бадниква трпеза старите верувале дека ќе биде побогата и побериќетна куќата во текот на годината.

За Бадник на масата традиционално се ставаат непарен број на видови на храна, а се пали и мал свеќник пред иконата на Богородица со исус кој се остава да тлее во текот на ноќта. Пед иконата старите верувале дека треба да се стави и дел од храната од трпезата, по некој орев, лешник, лепче…

Која храна се приготвува за посната Бадникова трпеза?

Основна храна која задолжително се служи на Бадниковата трпеза:

  • Грав или гравче тавче
  • Бадниково лепче со паричка
  • Туршија
  • Печена тиква
  • Овошје: мандарини, јаболка, мушмули, дуњи, банани, портокали
  • Ореви
  • Јаткасти плодови: лешници, бадеми
  • Костени
  • Кикирики
  • Леблебија
  • Лук (лукот се верува дека штити од болести и старите често го користеле на трпезата со цел цела година да ги заштити од болести и зла во домот) Лукот во одредени краеви се користел како прелив за питулиците измешан со вода, масло и сол.
  • Сушено овошје (урми, смокви, праски, сливи)
  • Зеленчук
  • Посни слатки (баклава, ванилици, колачиња, колач со мармалад)
  • Мед (Многумина велат дека од трпезата на Бадник не смее да изостане ниту медот, кој се јаде со ореви, а после Бадник во куќата се чува како лек).

Во одредени краеви на трпезата се принесуваат и следните посни јадења:

  • Риба
  • Сарма
  • Питулици
  • Зелник со праз
  • Баница со афион
  • Блага баница со јаболки

Сепак, на Бадниковата вечер симболична улога нема само храната, туку и пијалокот. Еден од обичаите е ракијата и црвеното вино.

Како пијлаок обично се служи:

  • Црвено вино (Знаеме дека виното ја симболизира крвта, и овој обичај е многу јасен, посебно доколку се додаде фактот дека вино од маса не смее да се истури.)
  • Ракија
  • Компот од суви сливи
  • Расолница

Нека Ви е честит денот! За многу години!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -