Во отсуство на избор кога станува збор за овошјето, а со цел да ја збогатат исхраната на своите бебиња, мајките во овој зимски период се почесто се одлучуваат за егзотично овошје како извор на витамини.




Еве како да направите едноставна, здрава и вкусна каша за 6-месечно бебе.
Состојки:
- банана
- авокадо
Подготовка:




Авокадото се сече на половина, се вади семката и со лажица се вади делот „месо“. Најлесен начин да ја одвоите семката е да ја засечете со нож на средина, а потоа да го завртите ножот спротивно од стрелките на часовникот, т.е. од себе (полека и внимателно).




Излупете ја и исечкајте ја бананата, додадете го авокадото и се заедно измешајте или испасирајте го со вилушка.




ЗАБЕЛЕШКА:
Кога купувате авокадо внимавајте на тоа дека кората е темнозелена и дека е делумно мека под прстите. Ако е многу меко, овошјето е презрело и не го купувајте. Можете да купите тврди авокадо и да ги оставите на собна температура 2-4 дена да созреат.