За сите љубители на морска храна – Пикантни печени ракчиња

Вреди да се проба:

Реклама

Брзо и лесно предјадење со само 3 состојки кои се подготвени за околу 15 минути.  За љубителите на морска храна, еве како лесно да си направите дома сами ракчиња. Овие вкусни, ракчиња се секогаш хит!

Состојки:

  • 500 гр ракчиња излупени и исчистени
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1,5 лажица зачини
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка лут зачин

Сос:

Реклама
  • 1/2 чаша кечап
  • 2 лажици рен (помалку или повеќе по вкус)
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажиче лут сос
  • 1 лажиче сос Ворчестершир

Сос:

  • тартар сос

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Реклама

Зачинете ги ракчињата со зачини, сол и маслиново масло и убаво обложете ги цели со оваа смеса. Потоа распоредете ги на хартија за печење во плех.

Печете на 200 степени  за 10-15 минути, додека ракчињата не се готови.

За сосот, изматете ги сите состојки заедно додека не се измешаат добро. Како сос може да се употреби и тартар сос.

- Advertisement -

Послужете ги ракчињата со сос по ваш вкус и уживајте.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -