Реклама
Солениот ролат со спанаќ и кашкавал е готов за миг и можете да го послужите веднаш. Воедно и изгледа супер фантастично на масата.
Состојки:
- 150 гр спанаќ или блитва
- 5 јајца
- 5 лажици млеко
- 5 лажици масло
- 100 гр брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- бибер
- 200 гр кашкавал
За премачкување:
Реклама
- 5 лажици павлака
- 1 лажица мајонез
- малку сол
- 1 лажичка куркума (ако сакате)
Декорација:
- лист од магдонос
Подготовка:
Спанаќот исечкајте го. Изматете ги белките до пенливост, додадете жолчки. Лесно измешајте го маслото, млекото, солта, биберот, брашното и прашокот за пециво, а потоа додадете го спанаќот.
Реклама
Печете во плех обложен со хартија за печење, со димензии 30 х 25, во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Кога ќе ја извадите кората, ставете рендан кашкавал на врелата кора, замотајте и оставете да се излади. Измешајте кисела павлака, мајонез, сол и намачкајте го ролатот одозгора. Можете да го изрендате кашкавалот одозгора и да декорирате со магдонос. Може да се исече веднаш.
Пријатно!