За зимата е добро да се има по малку од се, така го направив и овој микс. 🙂 Поконкретно, станува збор за сооднос ајвар-пинџур со додавање на тиквички.
Морам да истакнам дека аромата пријатно ме изненади.
Одлично ќе оди со сарма и некои други готвени јадења, но и со некои видови месо.
Состојки:
- 3 кг црвен пипер
- 2 средно големи модри патлиџани
- 2 кг домати
- 2 средно големини тиквички
- 2 чешниња лук
- 1 лута феферонка
- многу магдонос
- 3 лажици оцет (разреден)
- 3 лажици шеќер (кристал)
- 1/2 л. сончогледово масло
- сол (ако е потребно) – по вкус
Подготовка:
Измијте ги, исушете ги пиперките, сините патлиџани и тиквичките и испечете ги. Потоа излупете и исечете сè на коцки.
Загрејте го маслото и пржете на повисока температура. По некое време намалете ја температурата и промешајте со дрвена лажица…
Во посебен сад на масло пропржете ги излупените домати исечени на коцки и додадете ги во тавата со пиперките и другиот зеленчук. Измешајте и пржете сè заедно уште малку.
Додадете ги претходно добро измиените листови од магдонос и сите останати зачини, еден по еден и продолжете со пржењето. Пржете се додека не можете да повлечете лажица низ смесата и да го видите дното на тавата.
Пинџурот е готов и подготвен да истури во измиени и загреани стерилизирани тегли.
Добар апетит!