Ако сакате да јадете нешто слатко, обидете се да го зачините викендот со овие фантастични колачиња со чоколадо.




Покрај тоа што се подготвуваат прилично едноставно и брзо, ќе ви се допадне идејата воопшто да не ги печете, а штом ќе се изладат, можете да уживате во нивниот фантастичен вкус.




Состојки:
- 2 шолји (2 дл) шеќер
- 1 шолја слатка павлака
- 125 гр путер
- 3/4 шолји бело брашно
- 1 шолја сечкано чоколадо
- 1 шолја ореви
- 1 чаша мелени бисквити
Подготовка:




Најпрво подгответе подлабок сад во кој ќе истурете шеќер, путер и слатката павлака. Ставете го на шпоретот и полека загревајте. Штом ќе зоврие, прекинете со мешањето и намалете ја температурата. Оставете да се крчка на тивок оган околу десет минути.




Потоа се остава смесата целосно да се излади, па се додаваат брашното, сечканата чоколада, оревите и мелените бисквити. Се убаво измешајте додека не добиете компактна смеса.




Подгответе плех (димензии околу 20 x 20) во кој ја ставивте хартијата за печење, па истурете ја чоколадната смеса. Оставете во фрижидер еден час. Потоа извадете, исечете ги и послужете.
Пријатно!