Домаќинска пита од компир, без квасец и јајца и не е потребно печење во рерна: Рецепт за кој ќе се зборува со денови!

Вреди да се проба:

Реклама

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк, затоа направете крцкава пита полнети со компири и кашкавал. Вкусот ќе ве воодушеви, а тестото лесно се прави.

Потребни ви се само 4 состојки и малку волја. Не мора ни да ја запалите рерната бидејќи се пече во тавче. Исто така, филот може да биде по ваш вкус, а не само компири и кашкавал. Бидете сигурни да ја пробате оваа совршена пита и послужете ја со домат и јогурт.

Реклама

Состојки:

За тестото:

  • 140 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 90 мл млеко
  • 10 гр путер

За фил:

Реклама
  • 2 средни компири
  • 2 лажици мајонез
  • 300 гр кашкавал (рендан)

Подготовка:

За подготовка на тестото, измешајте ги сите состојки за тестото и замесете тесто. Покријте со фолија и ставете го садот во фрижидер околу еден час.

Компирите сварете ги, па изгмечете ги за да добиете пире. Измешајте ги со мајонез. Потоа расукајте го тестото во тенок круг. На еднаата половина од расуканата кора ставете го филот почнувајќи од средина кој краевите.

Во средината ставете рендан кашкавал, потоа пире и на крај остатокот од сирењето (треба да направите полукруг од таа смеса). Затворете со остатокот од тестото и притиснете малку со прстите по краевите. Потоа малку израмнете со рацете, а потоа со сукало.

- Advertisement -

Намачкајте ја тавата со масло, па ставете ја питата. Печете на тивок оган.

Добар апетит!

Во прилог погледнете ја целата постапка на следното видео.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -