Денес речиси никој не ги подготвува, денес претпочитаме да посегнеме по поедноставно решение, купување слатки.




Состојки:
- 250 гр шеќер
- 250 мл слатка павлака
- 50 гр путер
- 1-2 прстофат сол
- 50 гр мед
- 1 бурбон шеќер
Подготовка:




Во тавче измешајте ги сите состојки, па варете на тивок оган додека смесата не добие убава боја на килибар, а густина на поцврст мед. Потребно е околу половина час. Карамелите се варат на тивок оган, во спротивно шеќерот би изгорел, потемнувал и би добил горчлив вкус. Исто така, треба да се внимава да не се преварат карамелите, бидејќи кога ќе се изладат ќе станат зашеќерени.




Кога ќе се добие саканата густина и боја, смесата можете да ја истурите во силиконски калапи, или пак да ја истурите во мал плех (20 × 20 cm) обложен со хартија за печење, кој дополнително ќе го подмачкате со масло. Оставете ги карамелите на ладно, но не во фрижидер, малку да се изладат.




На крај со добро подмачкан топол нож исечете ги карамелите и завиткајте ги во мрсна хартија како бонбончиња. Подготвените карамели чувајте ги во фрижидер за да не се стопат при стоење.
Пријатно!