Домашен хумус – Одличен протеински намаз лесен за правење, ефтин и може да го носите на работа за појадок

Вреди да се проба:

Реклама

Подготовката на хумус е далеку поедноставна отколку што звучи на прв поглед. Ова е одличен протеински намаз, благодарение на леблебијата која има до 25 проценти протеини во сувото зрно.

Состојки:

  • 100 гр. сурови леблебии
  • 1 лажица таан
  • сок од 1/2 лимон
  • сол и црн бибер (по вкус)
  • маслиново масло по потреба
  • 1/2 лажичка сода бикарбона

Подготовка:

Потопете ги леблебиите во ладна вода да отстојат преку ноќ.

Реклама

Наутро, истурете ја водата, измијте ги зрната и ставете ја леблебијата да се готви со малку сода бикарбона.

Кога ќе се свари, исцедете ја и чувајте малку вода доколку е потребно за да го разредите намазот.

Реклама

Мелете ги во блендер, додајте сол, бибер, таан, маслиново масло и сок од лимон.

Од додатоците, по вкус, можете да исецкате чешне лук, но наместо лимон, може да ставите и пире од домати.

Наш предлог е хумусот да го комбинирате со печени модри домати, одлично се комбинираат и надополнуваат вкусовите.

- Advertisement -

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -