Не фрлајте ги затемнетите банани, претворете ги во оваа едноставна торта. Често ни се случува во куќата да ни останат банани кои останале малку подолго и потемнеле на некои делови, кои никој не сака да ги јаде.




Често завршуваат во канта за ѓубре, но наместо тоа можете да ја направите оваа едноставна торта, само со стари банани. Потребни се само неколку минути за подготовка, а резултатот сигурно ќе ве воодушеви.
Состојки:
-
- 2 банани
- 1 јајце
- 130 гр шеќер
- 50 гр путер
- 130 гр брашно
- 1 лажица прашок за пециво
- 2 лажици ванилин шеќер
- 1 слатка павлака
- малку презла




Подготовка:
Во сад изматете ги со рачно матење јајцето и шеќерот, додадете малку неварена слатка павлака и растопениот путер и повторно изматете се заедно.




Потоа во смесата додадете брашно, прашок за пециво и ванилин шеќер.
Изгмечете ги бананите со вилушка и додајте ги во смесата, па сè убаво соединете.
Истурете во тавче, претходно посипано со презла и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути.




Може да користите и калап за куглоф за да изгледа поубаво колачот.
По печењето по желба посипете го колачот со шеќер во прав.




Добар апетит!
Извор: Banjalucanke.com