Ова кафе буквално преку ноќ ги освои Инстаграм и популарната мрежа ТикТок. Напитокот е како резултат на инспирација од корејските Далгон бонбони, кои многу потсетуваат на кафе.




Далгона кафето повеќе наликува на десерт отколку на кафе, а во текот на карантинот стана хит на Инстаграм и ТикТок. Што ни малку не е чудно! Нежно, пенесто кафе и разладено со млеко е совршена комбинација.
Како да подготвите Далгона кафе?




Потребни состојки:
(за една чаша кафе)
- 2 кафени лажички инстант кафе (или нес)
- 2 лажички шеќер
- 2 лажички врела вода
- пола чаша млеко
- неколку коцки мраз (опционално)




Начин на подготовка:
Измешајте го кафето со топла вода и шеќер. Можете да ги матите и со миксер, маталка за нес или лажичка за матење.




Важно е да добиете густа кремаста пена при мешањето.
Ставете неколку коцки лед во чашата и истурете го млекото врз ледот. Потоа кремастата смеса истурете ја врз млекото во чашата.
Уживајте во вкусот!




Погледнете го видетот за да видите како етапно се подготвува Далгона кафе.