ГАЛАКТИЧКИ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Вистинско мало уметничко дело, а ви треба артикл што секој го има во кујната!

Вреди да се проба:

Реклама

Искористете го сунѓерчето за најубави можни јајца.

Има толку многу добри и едноставни идеи на Интернет, како што се јајца насликани со салфетка, свилен дезен, декорација со златна фолија или техники за декупаж.

Реклама

Ако ви здодеаа сите техники на фарбање јајца и сакате да ја покажете вашата креативност, тогаш верувале или не, потребен ви е кујнски сунѓер. Тој ќе ви помогне да ги направите најубавите шари и да создадете вистинско мало уметничко дело, а ако користите четка, тогаш ќе добиете велигденско јајце на кое е насликана галаксијата.

Потребно:

  • Темперни бои
  • сунѓер
  • стара четка за заби

Она што треба да направите е да ги обоите јајцата во сина боја и потоа да ги исушите. На палетата истурете бела, црна, црвена, виолетова и сина темперна боја. Натопете сунѓер во бојата, а потоа допрете го јајцето. Направете го истото со секоја боја, но оставете ја црната за крај.

Реклама

Потоа земете стара четка за заби и потопете ја во бела боја, а потоа со четката допирајте го јајцето за за да добиете мали бели точки.

На крајот, внимавајте да не ја расипете шемата додека ги сушите јајцата. Препорачуваме јајцата да ги исушите со боцкање иглички на  стиропор и потоа да се стават јајцата врз нив.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -