Во остатокот од текстот, дознајте како да го вратите стариот сјај на загорената тава.




Понекогаш изгорената храна се лепи на дното на тавата толку многу што е речиси невозможно да се исчисти. Ниту силните абразиви нема да помогнат, но еве едноставно решение кое може да помогне вашите тави да светат како нови.




Не станува збор за скапа хемија, или киселина која шири непријатни мириси низ куќата, туку за една храна која повеќето луѓе ја имаат во фрижидерот. Тоа е најобичен кечап.




Сè што треба да направите е да прелиете со дебел слој кечап врз изгорениот дел или од надворешната страна на тавата каде што се зафатила ‘рѓата и оставете ја да отстои околу 20 минути.




Кога ќе отстои, избришете малку со сунѓер или четка, исплакнете сè со врела вода и ќе видите дека кечапот ја растворил целата нечистотија и ‘рѓа. Овој едноставен трик можете да го искористите и на други површини, како шпорет, валкан мијалник, а одличен е и за отстранување на ‘рѓа од предмети во градината или на терасата.