Кога ви треба брзо уживање уште подобро од кох, тогаш направете колач со јогурт од 4 состојки.




Никогаш поедноставно, само изматете ги состојките и истурете ги во плех. Ви требаат 5 минути за да го подготвите, единствено е што треба малку повеќе да се пече. Доколку сакате, можете да го послужите со џем или нутела, а доколку сте љубители на сладок појадок, оваа торта е идеалното решение. Шеќерот е по желба, додадете го ако сакате.




Состојки:
- 300 гр јогурт
- 30 гр шеќер
- 3 јајца
- 30 гр пченкарен скроб
Подготовка:




Изматете ги јогуртот, јајцата, шеќерот и скробот и малку подмачкајте го калапот со дијаметар од 16 см. Потоа стуткајте ја хартијата за печење, па ставете ја во калапот, но оставете ја да се залепи.




Истурете ја смесата и печете на 180 степрни C околу 50-60 минути. Кога ќе се испече изладете го на собна температура а потоа ставете го во фрижидер 2 часа да се олади добро.
Уживајте!