Реклама
Сите љубители на намази ќе бидат воодушевени од овој сончогледов намаз кој се подготвува екстремно брзо, а вкусот е неповторлив.




Одличен е за доручек, како предјадење додека или за попладневна закуска.
Реклама




Состојки:
- 100 г семки од сончоглед (излупени)
- 100 мл масло за готвење
- 50 мл вода (се препорачува зовриена па оладена)
- 1/2 сок од лимон
- 2-3 чешниња лук
- 1 лажичка сенф
- 1 лажичка сол
- малку црн пипер, магдонос, куркума




Подготовка:
Прво и најбитно е сончогледот да се натопи во вода и се остава да набабри барем 4 до 5 часа (или преку ноќ).




Исцедениот и набабрениот сончоглед како и сите останати состојќи се ставаат во блендер и се блендираат се додека не се добие густа, хомогена и мазна смеса.
Реклама




На крај се зачинува по желба, повторно малку се меша и се става во соодветен сад со капак. Намазот се чува во ладилник.




Пријатен апетит!