ВЕЛИГДЕНСКИ ВАПЦАНИ ЈАЈЦА НА ПАРЕА: Никогаш поубави, шаренило кое не се исцртува туку се добива со готвење!

Вреди да се проба:

Реклама

Пробајте ја техниката на фарбање јајца на пареа и ќе бидете воодушевени.

Секој Велики четврток домаќинките се обидуваат да испробаат различни техники со кои ќе ги обојат велигденските јајца за да изгледаат беспрекорно. Некои од најпознатите се со природни бои, во хулахопка… Сега можете да пробате боја на пареа. Ќе добиете шарени јајца кои се елегантни и кои ќе ја комплетираат секоја празнична трпеза.

Реклама

Состојки:

  • јајца
  • црвена, сина, зелена и виолетова (2 од секоја)
  • алкохолен оцет (приближно една чаша)
  • метална цедалка

Подготовка:

Варете ги јајцата околу 4 минути, а потоа изладете ги. Во сад ставете вода и врз неа ставете цедалка. Водата не смее да ја допира цедалката. Наредете ги јајцата во цедалката и одозгора посипете оцет.

Ставете на шпорет полека да се загрее водата и на секое јајце истурете по малку од секоја боја. Ако јајцата почнат да се сушат, посипете уште малку оцет. Покријте и оставете околу 10-15 минути за да се варат јајцата на пареа. На крај премачкајте ги со малку масло.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -