Реклама
Рецепт за вкусен доручек, брзо и лесно се прават а со својата мекост ја полнат устата со сладости.




Состојки:
- 1 јајце
- 1 чаша брашно
- ½ Чаша јогурт
- ½ лажиче сода бикарбона
- ½ Чаша млака вода
- 100 гр рендано сирење




Подготовка:
Во сад измешајте јогурт и сода. Оставете неколку минути додека не почне да се пени. Додадете топла вода, јајце и сирење.
Реклама




Промешајте. Додадете го просеаното брашно. Мешајте додека не се добие хомогена густа смеса.
Загрејте малку масло во тава и со лажичка истурете ја смесата во врелото масло. Пржете 1-2 минути од двете страни.
Реклама
Послужете додека е се уште топло!




Тие одат со се – свеж јогурт, џем, сирење и се што сакате! Иако содржат сирење, може да ги попрскате со шеќер во прав.




Добар апетит!