Брзи крокети од пире од компири е еден од најбрзите и најлесните рецепти. Може да се сервира со некој сос како главно јадење или како прилог за риба или месо, но исто така и со гулаш и слично.




Состојки:
- 300 гр ладно пире од компири
- 20 гр гриз (или секое брашно)
- Малку рендан пармезан или сирење
- Јајце
- Трошки од леб
- Сусам
- Масло за пржење




Сос:
- 200 гр павлака
- 10 гр сенф или една лажичка
- 50гр мајонез
- Лук
- Пипер




Подготовка:
1.Најдобро е да користите ладно пире од компири од претходниот ден, претходно оладено и покриено во фрижидер. Во пирето додадете гриз и по желба може да додадете и рендано сирење или пармезан и сланина или шунка.
Навистина има многу опции, само оставете ја вашата фантазија да го стори своето во комбинација со она што го имате дома од состојките. Измешајте сè добро заедно со лебните трошки, јајцето и сусамот.




2.Крокетите од компир се пржат неколку минути во многу масло во длабока тава. Се прават топчиња или долгнавести форми и се пржат во маслото. Тие не апсорбираат маснотии, но можете да ги ставите на салфетка некое време за да се исцедат вишокот маснотии на површината.
3.За сосот, како што е наведено во состојките, само измешајте ги и ќе добиете прекрасен сос, кој иде совршено со крокетите.
*Откако ќе ги испржите послужете како ви е по желба.




Пријатен апетит!