Баница со црева – Стар традиционален македонски специјалитет кој сите го обожаваат!

Вреди да се проба:

Реклама

Цревник или баница со свински црева е стар традиционален специјалитет. Често се среќава на трпезите во источните краеви и е едно од поафтентичните јадења од македонската кујна.

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 500 гр. свински црева
  • 5 гр. свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • сол по желба
  • масло (свинска маст е подобро!)

Подготовка:

Свинските црева добро исчистете ги. Исечете ги на ситни парчиња околу 1 см по должина, додајте им сол и варете ги, додека да зоврие водата. Кога ќе се сварат, додадете им свинска маст и пржете ги на оган. При крај на пржењето додадете малку вода во која претходно ги варевте, онолку колку да ги облие.

Реклама

Сега замесете го тестото од брашно, сол, млака вода и малку квасец. Оставете го на топло да стаса. Откако ќе стаса размесете го тестото со малку брашно и од тестото направете 5-6 топчиња со големина на тениско топче.

Од секое топче развлечете тенка кора со сукало (пожелно да бидат потенки корите),  потоа потпечете ја или прострете ја на чаршав да се суши.

Реклама

Потпекувањето на корите, доколку имате услови, може да го правите на чист шпорет или пак на тавче во рерна. Доколку не ги потпекувате може да ги прстрете на чаршав и да ги оставите малку да се исушат (исто како кога се прават јувки).

Последните две кори не се потпекуваат (сушат) туку се оставаат свежо сукани. Првата кора откако ќе се расука, се става на веќе намаслен плех и убаво се оформува по краевите на плехчето. Додека краевите од кората треба да излегуваат надвор од плехот. Кората се попрскува со малку масло. Се зема една од сушените кори и се реди произволно во плехот, врз првата кора.

Врз така наредената кора повторно се нанесува малку масло и врз неа се ставаат претходно приготвените црева. Потоа се нанесува втората потпечена(сушена) кора и се притиска малку одозгора, за да се направи место за следната.

- Advertisement -

Ваквата постапка се повторува со сите кори, се посипува малку масло и се распоредуваат цревата врз кората, се покрива со следна кора и се така додека ги потрошите свинските црева.

Се зема последната кора (втората од двете свежо сукани и непотпечени кори) и со неа се покрива наредената баница. Кората малку се насобира со прстите и се прават бразди внимателно за да биде убаво покриена баницата.

На крај се посипува малку масло врз последната кора и се става да се пече. Не треба долго да се пече бидејќи корите се веќе суви. Печете околу 45 минути на 200 степени, додека не порумени.

Додека се пече, треба да се направи зовриена попара за баницата. Затоа се зема остатокот маснотии од цревата и се става во тавче на оган. Се додава околу 500 гр. вода и се остава да зоврие.

Кога ќе се испече баницата, се вади од рерна и врз неа се истура зовриената вода. Потоа се враќа да се пече уште 10-15 минути.

Баницата служете ја со кисело млеко или чаша расолница.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -