Баклавата се подготвува на безброј начини, посна или мрсна, со путер или масло, најчесто со ореви, но оваа варијанта со афион едноставно е совршена.




Печената и прелиена баклава се пече со плех за да се исправат горните кори и убаво да се натопат.
Состојки:
- 4 јајца
- 150 гр. шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 кесичка прашок за пециво
- 150 мл масло
- 200 мл јогурт
- 400 гр афион, мелен
- 500 гр тенки кори за баклава
За шербет:
- 500 гр шеќер
- 500 мл вода
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 лимон




Подготовка:
Во тенџере ставете шеќер и вода, промешајте и варете 10 минути од моментот кога ќе зоврие. На крај додадете ги тенки кришки лимон и оставете да се излади додека ја подготвувате баклавата.




Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете масло, прашок за пециво, јогурт, афион и убаво измешајте.




Во тавче подмачкано со масло се ставаат две кори и се премачкува малку од филот. Постапката повторувајте ја додека не ја потрошите смесата и на крај завршете со две кори.
Подготвената баклава исечкајте ја на коцки или ромбови ставете ја во рерна да се пече.




Се пече 10 минути на 200 степени, а потоа намалете ја температурата на 150 и печете уште 45 минути. Доколку забележите дека баклавата ќе биде премногу потемнета, покријте ја со фолија и продолжете со печењето.
Во меѓувреме подгответе го шербетот и оставете да се олади, а потоа лесно прелијте го врз испечената топла баклава.




Добар апетит!