АРМ‘К или РАВАНИЈА: Колачот кој најчесто беше на нашата трпеза кога бевме мали!

Вреди да се проба:

Реклама

Не знам за вас, но со сигурност знам за мене дека ова беше најчестиот колач кој го правеше мајка ми.

Иако беше чест, никогаш не беше здодевен а сега со задоволство се навраќам на него и секојпат ми буди убави спомени од детството. Во некои краеви се нарекува раванија, некаде арм‘к. Но како и да го наречете е незаборавен и едноставен вкус.

Реклама

Состојки:

  • 8 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 8 лажици гриз
  • 4 лажици брашно
  • 1 пециво

3а шербетот:

  • 1,5 литар вода
  • 650 гр шеќер

Подготовка:

Изматете ги белките на страна. Потоа изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте го гризот и брашното и пецивото и на крај изматените белки. Измешајте се добро и ставете ја смесата во намачкан плех и печете ја во претходно загреана рерна 10 минути на температура од 200 степени.

Реклама

Откако се испече оставете ја раванијата да се олади. Раванијата потоа исечете ја на форми во облик на коцка или баклава. Од шекерот и водата сварете шербет и ладната раванија попарете ја со врел шербет. Потоа вратете ја раванијата во исклучена рерна да се олади.

Раванијата можете да ја послужите и со слатко од зелени смокви или топка сладолед. Уживајте во насладувањето и сеќавањето на убавите спомени од детството.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -