Чисто совршенство!
Состојки:




Кора:
- 600 гр брашно
- 1 лажичка сув квасец
- 1 лажица сол
- 30 мл масло
- 300 мл топла вода
- 200 гр стопен путер или маргарин
Состојки за фил:
- 200 гр сирење фета
- 3 јајца




Подготовка:
Замесете го тестото од состојките погоре запишани освен маргаринот кој ќе ви биде потребен за премачкување на корите, и оставете го да отстои. Потоа поделете го на 3 дела. Земете едно топче и расукајте го во круг од околу 40 см дијаметар а потоа премачкајте со маргарин. Преклопете ја кората и пак премачкајте со маргарин како кога подготвувате лиснато тесто.




Така спреманите кори оставете ги да одморат околу половина час. Филот спремете го така што ќе ги изматите јајцата со фета сирењето.




Откако ќе одморат корите земете една кора направете помал круг околу 15 сантиметри и на средина на кората ставете од филот па потоа затворете ја со краевите. Одозгора премачкајте ја со жолчка од јајце. Така повторете и со останатите две кори. Печете на 180 степени 20-25 минути. Ќе добиете три пити.




Добар апетит!