Зеленчуци подготвени на кинески начин – цело семејство ќе ги обожава…

Вреди да се проба:

Реклама

Згответе нешто поразлично и вкусно за ручек или вечера.

Потребни состојки:

Реклама
  • зеленчуци по ваш избор (пиперки, моркови, тиквички, печурки, карфиол, кромид)
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 мала лажичка мелен ѓумбир
  • 1-2 голема лажица соев сос
  • 2-3 капки чили сос (тобаско)
  • 1-2 големи лажици сусамово семе
  • 1-2 големи лажици маслиново масло
  • сусам по желба
  • зачини по желба

Начин на подготовка:

Загрејте го сусамовото масло во тава за пржење (вог тава). Додадете лук, ѓумбир и сусам. Пржете ги заедно состојките додека лукчето не добие златинеста боја.

Реклама

Сите зеленчуци насечете ги на тенки лентички и додадете ги во тавата. Поклопете ја тавата со капак и гответе ги на силен оган. Откако ќе омекнат зеленчуците додадете го соевиот сос и чилито. Зачинете по желба.

Зеленчуците треба да останат ’’ал денте’’, меки од надвор а внатре малку потврди, за да се зачуваат сопствените вкусови и арома.

Затоа не треба да се пржат долго, се готват кратко на силен оган, за да ја задржат посакуваната текстура како што нагласивме погоре. Потоа се сервираат во порции.

- Advertisement -

Се служи додека е топло.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -