Оваа декоративна салата е одличен избор како прилог или предјадење за слави и празнична трпеза.




СОСТОЈКИ:
- 1 чаша масло (чаша за чај од 150 мл)
- 340 гр фета сирење
- 230 гр крем сирење
- 2 чешниња лук
- 1 главица кромид
- 3 лажици вермут
- 1/2 лажичка мелен бибер
- 1/2 чаша ореви
- 1 чаша суви домати
- 1/2 чаша песто сос




ПОДГОТОВКА:
Ставете во блендер масло, фета сирење, крем сирење, лук, кромид, мелен бибер, вермут и ореви. Сето тоа добро изблендирајте го за да ја добиете млечната смеса за оваа солена торта.




Во средно голема стаклена купа ставете масло и убаво размачкајте го по краевите на садот и покријте ја со стреч фолија, за после да можете лесно да ја извадите сместа.




Редете ги состојките со приготвениот сад, по следниот редослед: суви домати, млечна смеса со ореви, песто. Повторувајте ја постапката се додека ја потрошите смесата.
Вака наредениот сад ставете го во фрижидер и оставете го да отстои околу 1 час.




Пред да ја сервирате салатата, на друга чинија за сервирање обрнете ја стаклената купа со салата и тргнете ја стреч фолијата.
Сервирајте со крекери или лепче со лук.