Далгона кафе – Рецепт за најпопуларниот напиток на Инстаграм и ТикТок

Ова кафе буквално преку ноќ ги освои Инстаграм и популарната мрежа ТикТок. Напитокот е како резултат на инспирација од корејските Далгон бонбони, кои многу потсетуваат на кафе.

Далгона кафето повеќе наликува на десерт отколку на кафе, а во текот на карантинот стана хит на Инстаграм и ТикТок. Што ни малку не е чудно! Нежно, пенесто кафе и разладено со млеко е совршена комбинација.

Како да подготвите Далгона кафе?

Потребни состојки:

(за една чаша кафе)

  • 2 кафени лажички инстант кафе (или нес)
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички врела вода
  • пола чаша млеко
  • неколку коцки мраз (опционално)

Начин на подготовка:

Измешајте го кафето со топла вода и шеќер. Можете да ги матите и со миксер, маталка за нес или лажичка за матење.

Важно е да добиете густа кремаста пена при мешањето.

Ставете неколку коцки лед во чашата и истурете го млекото врз ледот. Потоа кремастата смеса истурете ја врз млекото во чашата.

Уживајте во вкусот!

Погледнете го видетот за да видите како етапно се подготвува Далгона кафе.